При купопродажба консултирајте се со вашиот агент за недвижнини и адвокат

Постои широко распространето мислење кај нашиот народ дека ние знаеме да сториме сè сами. Затоа, луѓето честопати одлучуваат да се впуштат во процесот на купопродажба самостојно, а тоа не е секогаш добра идеја.

Секоја агенција за недвижнини, покрај лиценцирани агенти, вработува и адвокати или ангажира адвокати

За да се продаде или купи недвижен имот, потребно е да се има знаење од областа на градежништвото, економијата и правото. Лиценцираните агенти мора да имаат познавање од сите овие области со цел да го положат стручниот испит и да добијат лиценца што им овозможува да бидат посредници во продажба и закуп на недвижен имот.

Сепак, секоја агенција за недвижнини, покрај лиценцирани агенти, вработува и адвокати или ангажира адвокати, бидејќи правниот дел од процесот на купување и продажба обично бара повисоко ниво на правно знаење отколку што поседуваат самите агенти. Така, агентот дејствува заедно со адвокатот.

Она што неретко се случува е луѓето да се консултираат со најблиските членови во семејството кои во истовреме нудат “решенија” како вистински професионалци, иако тие не ги поседуваат тие вештини.

Па поради тоа, наместо да се консултирате со правници, нашите агенти се обучени во оваа работа,  и ништо не би оставиле на случајот.

Договорот за купопродажба не е шаблон

Дури и ако продавачот беше адвокат по професија, ќе му беше тешко самостојно и објективно да создаде мислење за цената на недвижноста во согласност со неговите карактеристики, условите на пазарот и другите релевантни околности.

Особено, лаик не би можел да толкува документи со кои се докажува правото на сопственост или друго стварно право на недвижен имот, оптоварувања што можат да постојат на недвижен имот или ограничувања во правни трансакции.

Она што треба да се забележи особено е дека договорот за продажба не е образец, но секој процес на продажба има специфики поради кои е потребно законски да се постават сите детали во договорот.

Некои од овие специфики се бришење на постојната хипотека или воспоставување нова, рокови за изградба на објектот и рокови за предавање на имотот, договорна казна во случај на доцнење, бришење на товарот итн.

Лиценцирани агенти

Лиценциран агент сигурно ќе може да ви обезбеди релевантни информации и стручна помош, без разлика дали продавате или купувате стан.

Затоа, консултирајте сесо агент за недвижнини. Вашиот агент сигурно ќе се консултира со адвокат за сите детали за кои смета дека се контроверзни и претставуваат потенцијален проблем.

Ознаки
Сподели ја објавата
Слични Објави
ЗА КУПУВАЧИ

Дали сте во потрага по домот од вашите соништа ?

Дозволете да ви помогнеме и да ви го оствариме сонот.
Сите Недвижности
ИЛИ
ЗА ПРОДАВАЧИ

Вистинското решение за продажба на вашите недвижности.

Контактирајте не, и препуштете ни го тоа задоволсто на нас!
Испрати Понуда
KONTAKT
Имате прашања или ви требаат повеќе информации?
Побарај не.
БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА
Закажете бесплатна консултација со нашитe експерти.
Закажи Консултација

ЛОКАЦИЈА

Ул. 120 бр. 1 - Локал 7, 1200
Тетово - Македонија
Пон - Петок: 09:00 - 19:00 
Сабота: 09:00 - 16:00 
Недела: Затворено 
© 2021 Милошевски - Агенција за недвижности. Сите права се задржани.
Designed & Developed by Duos Digital
envelopephone-handsetmap-markermenu linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram